Ада е мало девојче кое живее во село кое се соочува со недостаток на вода, поради тоа што долго време немало дожд. Семејството на Ада размислува и за отселување од местото, ако продолжи таа жега.
Ада е многу вознемирена од тоа и сака да ни раскаже за своето село пред камера. Таа не' носи до езерото кое пред некое време било полно со вода и го посетува островот по кој таа е и крстена. Но, таму гледаме дека всушност повеќе нема вода воопшто, земјата е длабоко испукана - езерото е целосно суво.