„Кафеавите мечки од Каргил“, Бахар Дут/Виџај Беди, Индија, 2023, 13'

Индиско-пакистанската граница е под притисок на војна и силно воено присуство на двете страни во Хималаите. Ова можеби и е една од причините зошто Хималајските кафеави мечки не се видени во тие краишта со децении.
Наградуваниот конзерваторски биолог и новинарка, Бахар Дут, му се придружува на Ниаз Кан во неговата експедиција во откривањето како враќањето на мечките носи нови предизвици од конфликти до климатски промени. Овој длабок, краток филм е еден од четирите дела на серијата „Наука во акција“, која беше емитувана на најголемата раскажувачка платформа во Индија: „Roundglass Sustain“.
Филмот ги прикажува иновативните методи кои ги користат локалните заедници, обидувајќи се да се заштитат од мечките кои ги посетуваат во ноќните часови. Но, се појавуваат и нови закани, како климатските промени - поради кои хибернацијата на мечките се менува... Дали Хималајската кафеава мечка може да го преживее овој брзо менувачки пејзаж?

Партнери

Поддржано од

Член на: