На 24-годишна возраст, Џеј Класу започна да гради изолиран ски дом во Националниот парк Врангел-Сент Елиас, во Алјаска. 5 милиони хектари чиста дивина: без патишта и без хеликоптери...
11 години подоцна, во овој филм се прикажуваат тие планини, скијачите, авионите со кои се носат, пилотите и водичите во ова восхитувачко место. Прикажувајќи како еден сон станал реалност, филмот доловува емотивна поврзаност со пејзажот низ аудио-визуелна интензивност.
Филмот е во режија на водичот Тајлер Рид, поетската нарација е напишана од неговиот колега Дру Ловел, а прочитана од легендата од Шамони - Мајкл Шефер. Инспиративното скијање го прават Мајкл Паркер и Луси Секбауер, а на приказната се приклучуваат водичи и пилоти - низ прекрасната кинематографија на Бен Стургулевски, Брендан Велс и Тајлер Рид.
Краток филм за соништата, скијањето „од доле“ на големи планини и летање низ дивината на Алјаска.