Хумористичен филм за практикувањето на планински спортови - во коментирачки стил на нарација и снимен во стил на документарец за диви животни.
„Човекот е разумно животно“ според Аристотел, а „Тој е се' што некој посакува, освен рационален.“, според Оскар Вајлд. Рационален или не, човекот сепак е животно. Но, на кои видови тој им припаѓа? Вештачката интелигенција можеби ќе ни помогне да го видиме тоа малку појасно.
Како и да е...
Поминувајќи од еден во друг екосистем, филмот патува низ планината во потрага по групи на чудни цицачи, способни за размножување и поседување физички и морални квалитети.
Но, според Алберт Ајнштајн, „Вештачката интелигенција, не може да се спореди со природната глупост!“
Затоа, овој филм е далеку од разумен и вклучува сцени во кои глупоста е се' само не природна!
Како и да е...