Споделување на цела година од животот со глутница волци - сон за Ив - сликарот и Оливие - фотографот. Некаде во ничија земја помеѓу Финска и Русија, тие ќе ја чекаат глутницата, во засолниште кое има само неколку квадратни метри. Низ четирите сезони, без движење и во тишина, насред неменливиот пејзаж, тие постепено стануваат дел од „сликата“ и се стопуваат во животот на волците.