Улис Лефевре, Основач и главен уредник на Алпинмаг, фотограф и снимател

Во соработка со Амбасадата на Франција, гостин на Ехо ќе биде Улис Лефевре. Тоа што е интересно и многу фино е што тој всушност ќе има две „задачи“:
? една, секако да направи презентација во своето поле на делување - раскажување приказни од планините преку фотографии и филм, но ќе има и
? друга задача, а тоа е по посетувањето на неколку локации во Македонија, откако ќе се врати во Франција, да напише текст/ови за нив со што ќе помогне во промоција на нашата држава пред француските вљубеници во планините - за дел од можностите за практикување на планински спортови кај нас...

? Инаку неговата презентација е со наслов:
„Што да се раскаже по враќањето од планина“

Независно дали сте се вратиле од излет со семејството, поминувајќи неколку дена впиени во планините близу вашиот дом или сте биле на експедиција на крајот на светот со професионални атлети - планинските искуства се тема на приказната која ја раскажувате кога се враќате.
Но, како одбирате што да кажете? Како го наоѓате вистинскиот агол за споделување на авантурата? Која е добрата рамнотежа помеѓу фактите и имагинацијата? И како ја адаптирате приказната, во согласност со медиумите кои сакате да ги искористите?

? Преку своите патувања како новинар, фотограф и снимател, Улис Лефевре не' носи на патување во срцето на раскажувањето приказни.
Улис е основач на АлпинМаг во 2017 година, каде е главен уредник во овој онлајн медиум кој е специјализиран на тема планина и авантури, а има француска и англиска верзија.
Тој инаку веќе 10 години учествува во различни експедиции од кои се враќа со извештаи, фотографии и филмови - од Непал до Гренланд. Последен беше неговиот филм за Софи Лаво, „Последниот врв“, кој го снимаше на Нанга Парбат, во Пакистан..

? Презентацијата на Улис ќе биде на 20ти октомври (недела), во Кинотека.

Партнери

Поддржано од

Член на: