Во последните неколку години, се' повеќе е забележливо присуството на мечките во планините и во близина на населените планински места и патишта и зголемување на бројот на „блиски средби од трет вид“ со нив. Актуелна тема, на која Македонското еколошко друштво (@macedonian.ecological. society), за време на Ехо, го организира панелот:
Мечка страв, мене не страв!
Дали е можен соживот меѓу луѓето и кафеавата мечка? Какви се искуствата на еколозите и ветеринарите во врска со заштитата на овој вид? Што е потребно за добро управување со кафеавата мечка и соодветно намалување на инцидентите во природата?
Искуства од Македонија и Хрватска.
Панелисти:
- Диме Меловски, Македонско eколошко друштво
Биолог кој работи на зачувување и управување со големи месојади речиси две децении. Неговиот фокус е на критично загрозениот балкански рис, но го интересира и соживотот меѓу луѓето и кафеавата мечка. Мал дел од неговиот професионален живот вклучува истражување на мали цицачи и зачувување на пеперутки.
и
- Славен Релиќ, Факултет за ветеринарна медицина-Загреб:
Ветеринар во суштина, но со докторат кој комбинира екологија на кафеава мечка и ветеринарни науки. Работи со големи месојади, главно кафеави мечки, повеќе од 15 години. Освен за истражување на биологијата и екологијата на кафеавите мечки, неговата работа вклучува имплементација на методи за мониторинг, вклучување со засегнатите страни, научно засновано информирање за менаџментот и интензивни активности во рамките на Интервенциониот тим на кафеава мечка.