„Природата не' создала да бидеме диви цвеќиња, а не домашни растенија...“ - Мери Шефер Ворен
Една од пораките на ЕХО секогаш е таа - да се потсетиме дека во суштина сме суштества кои сакаат да истражуваат и тоа е нашата вистинска природа. Некои од нас, тоа никогаш не го заборавиле, а некои поради различните животни предизвици, малку го потиснале и им треба само малку поттик - повторно да почнат да ја живеат таа вистина.
Прекрасен повеќеслоен филм, кој не' потсетува на истражувачите од минатото и оваа наша вистинска природа.
Планинската писателка и историчарка, Меган Џ. Вард, собира тим од креативни жени за да го доживеат експедициското патување на Мери Шефер Ворен од 1908 година до езерото Малин, во Националниот парк Џаспер, во Алберта, Канада. Комбинирајќи авантура во дивината со историско истражување, овој филм ни покажува дека понекогаш мора да се навратиме назад за да го осветлиме патот напред.
„Некои тајни никогаш нема да ги откриете, некои радости никогаш нема да ги почувствувате, некои возбуди никогаш нема да ги искусите, се' додека не се качите на коњот и го напуштите овој свет, свет кој што го знаете - и се впуштите во непознатото...“ - Мери Шефер Ворен








