„Девојка качувач“, Џон Гласберг, САД, 2024, 83'


Емили Харингтон е професионален качувач и го има искачено Еверест, други врвови повисоки од 8 000 метри, а и доминирала на натпреварувачката сцена, но нејзиниот најголем предизвик се протега подалеку од физичкото. За да го зацврсти своjот учинок, во доминантно машкиот свет на елитното качување по карпи, таа го насочува својот поглед кон клучен потфат во кариерата – 24-часовно искачување на Ел Капитан во Јосемити.

Фатена меѓу потрагата по лична амбиција и отчукувачкиот биолошки часовник на животот, еден речиси фатален пад, ја принудува Емили да се соочи со тоа што е подготвена да го ризикува. Овој филм е делумно возбудлива приказна за преживување, делумно интимен портрет и не е само за рушење рекорди – тоа е приказна за рушење бариери.

Во легендарниот „машки клуб“ на Јосемити, Емили не докажува само дека е најдобрата девојка-качувач – таа докажува дека е една од најдобрите. Точка.

Партнери

Поддржано од

Член на: