„Вечниот Мон Блан?“, Бертранд Делапјер, 2025, 50'


Професионалниот фотограф и алпинист, Марио Колонел, веќе 42 години живее во Шамони и ja започнува својата последна фотографска кампања.

Добро запознаен со највпечатливите предели на масивот Мон Bлан и лично погоден од климатските промени што ги засегаат овие величествени планини, тој нè поканува да го следиме по патеките во високите предели на планините.

На своето патување, тој сретнува разнолика група личности: стар планински водич, филозоф, алпинисти, еколошки активисти, сликар, социолог и чувар на планински дом. Со нив разговара за тековните превирања, но и бара причини за надеж.

А токму горе, на гребените и врвовите, природата ќе му ги понуди одговорите. Естетско и трогателно патување по работ на планинските врвови, за еден страствен алпинист…

Партнери

Поддржано од

Член на: