„Пластични луѓе“, Бен Аделман/Зија Тонг, Канада, 2024, 84'
Дали стануваме ПЛАСТИЧНИ ЛУЃЕ?
Револуционерен долгометражен документарец, кој ја истражува сè поголемата закана од микро-пластиката врз човековото здравје.
Речиси секое парче пластика на крајот се раздробува во „микропластика“. Овие микроскопски честички лебдат во воздухот, пловат во водата и лежат во почвата. А сега, водечките научници ги пронаоѓаат и во нашите тела: во органите, крвта, па дури и во плацентите на новородени мајки.
Кој е ефектот на овие невидливи напаѓачи врз нашето здравје?
Зија Тонг, авторка и научна новинарка, е решена да дознае. Таа ја прави темата лична, со тоа што ги посетува водечките научници и за првпат пред камера, се подложува на експерименти во својот дом, со својата храна и врз своето тело.
Овој документарец оди многу подалеку од веќе познатите проблеми со пластиката и директно навлегува во човечката драма за иднината на нашето здравје и потенцијалните опасности од тоа да станеме Пластични луѓе.