„Самуел Волeри: легенда на слекјанингот“, Јонас Конијненберг, Холандија, 2025, 29'
Најголемиот слеклајнер на сите времиња?
Голема е веројатноста веднаш да ви текне на Самуел Волери.
Од 2010 година, кога слеклајнот почна да станува популарен планински спорт, Самуел Волери ги турка границите на можното во хајлајнот. Живеејќи во Швајцарија, Сам направи многу иконски проекти. Неколку од неговите обиди за светски рекорд беа запрени од молњи - предизвикувајќи јажето да се скине од електричната сила во воздухот.
Самуел има скршено повеќе светски рекорди во слеклајн, стана шампион на Швајцарија во „џамплајн“, објави стотици слеклајн туторијали на YouTube, еден од основачите е на моментално најпопуларната дисциплина — хајлајн фристајл и разви опрема без која не може да се замисли овој спорт....
Слеклајнерите го гледаат како легенда, како најголемиот на сите времиња.
Овој филм ја раскажува неговата приказна низ дисциплините кои ги унапредуваше: џамплајн, хајлајн со светски рекордни должини и денес спектакуларниот и популарен „фристајл хајлајн“. На 40 години, Самуел сè уште се натпреварува на светски првенства. И единствен е што може да изведе стабилно стоење на раце на хајлајн — во натпревар.