„Херман Бул: по стапките на една легенда“, Вернер Бертолан, Италија, 2025, 60'
На 3 јули 1953 година, Херман Бул од Инсбрук, го постигна можеби најголемиот подвиг во историјата на алпинизмот. По 41-часовно движење, тој стана првиот човек што се искачил на Нанга Парбат — врв повисок од 8 000 метри, сам и без дополнителен кислород.
Александар Хубер - и самиот ѕвезда на качувањето и голем почитувач на Херман, нè води низ клучните моменти од животот на Бул и се среќава со луѓе кои биле или се блиско поврзани со него: неговите ќерки Кримхилд и Силвија, неговите „алпски наследнички“ Герлинде Калтенбрунер и Барбара Вигл, како и Курт Димбергер — легенда на алпинизмот и некогашен партнер на јаже со Бул, кој беше сведок на неговиот фатален пад.
Филмот ги оживува алпските подвизи на Херман, преку возбудливи реконструкции, но истовремено навлегува и во личните аспекти кои го обликувале. Како да го разбереме неговиот живот и самиот човек? Не само како алпинист, туку и како личност.