„Патагонија: достигнат врв“, Денис Лукјанчук, Казакстан, 2024, 38'


Григориј има сон: да качува по врвовите на Патагонија. Сѐ изгледа недостижно, сè додека неговиот пријател и придружник во качувањето, Омар, не му каже да ги спакува куферите, бидејќи тој и уште двајца пријатели, Денис и Мариус, веќе се подготвуваат да тргнат во авантурата. Секој патува од различна земја кон Аргентина. Заедно, ќе се обидат да бидат првите од своите народи кои ќе се искачат на еден легендарен врв.

Нашите херои ги споделуваат своите гледишта: буквално преку нивната камера, а фигуративно преку разговори за смислата на животот, алпинизмот и нивните амбиции. Членовите на тимот се запознаваат со своите добри и лоши страни, има караници, но и помирување - пред да се соочат со главниот предизвик: искачувањето на Серо Торе, некогаш недостапен врв во аргентинска Патагонија.

Партнери

Поддржано од

Член на: