„Солзата на Европа“, Герхард Цернер, Германија, 2024, 9'
Велорaфтингот е комбинација од возење велосипед и пакрафтинг, спорт што ретко се практикува на диви води. Чави Фризер и Герхард Цернер го искусуваат овој фасцинантен спорт преку импресивно патување во Црна Гора. Три дена тие педалираат низ платото Пива и алпските пејзажи на Националниот парк Дурмитор.
На влезот во Тара, најдлабокиот кањон во Европа со 1300 метри, чамците се пумпаат, а обемниот багаж, вклучувајќи ги и велосипедите, се поставува на нив. Следните 70 живописни километри ги очекуваат веслачите со диви води до трета класа. Насочувањето на тешко натоварените чамци низ брзаците, ќе претставува вистински предизвик...
Деновите во Црна Гора ќе останат незаборавни моменти. Велорaфтинг е клучот кон искуства и впечатоци што можат да се стекнат само со замена на педалите со весла.