„Доволно далеку“, Жулеин Карот, Франција, 27'


Во 1996 година, Горан Кроп патуваше со велосипед од Шведска до Еверест — и потоа се искачи сам и без поддршка. Сега, 28 години подоцна, 22-годишниот Жан Ро во свој стил ја презвема палката. Неговата цел? Ама Даблам, длабоко во срцето на Непал. Неговата почетна точка? Шамони. Тоа се 11 500 километри на велосипед и 80 000 метри висинска разлика.

Долго и напорно патување, полно со осаменост, посветеност и туркање на личните граници. Затоа што можеби вистинската авантура не е само во тоа да се стигне до врвот — туку во сè што е потребно за да се стигне таму.

Партнери

Поддржано од

Член на: