„Акси и Вундер Дакси“, Лисете Вансинк, Холандија, 2024, 7'


Еднаш одамна, си бил еден бестрашен и силен качувач на мраз, кој никогаш не се вратил дома.

Заедно со нејзините две умни дашундчиња, познати како „Вундер Дакси“, храбрaта Акси тргнува во потрага по нејзиниот одамна изгубен витез во оклоп. Високо во планините, таа се наоѓа среде снежна бура. Кој знае што ќе се случи понатаму...

За време на церемонијата на доделување на наградите на Холандскиот фестивал на планински филм (ХФПФ) во 2023 година, организаторите ја предизвикуваат изработувачката на кукли Лисете Вансинк, да направи стоп-моушн филм - користејќи кукли инспирирани од познати алпинисти. Без двоумење, таа го прифаќа предизвикот и веднаш знаеше кои ќе бидат главните ликови во нејзиниот филм: дашунди инспирирани од холандските шампиони во качување на мраз, Мариан ван дер Стеен и Денис ван Хук.

Со месеци, Лисете работела со голема креативност на сценографијата и реквизитите во нејзиниот подрум во Тевен, Белгија. Со помош на ХФПФ Академијата (Јероен Даемен), на не многу лесен начин, таа сепак ја совладала уметноста на стоп-моушн филмот.

Музиката е компонирана и изведена од Рик Хајц.

Сите сме љубопитни да дознаеме што ќе се случи во нејзиниот прв филм!

Партнери

Поддржано од

Член на: