
Филмот е заснован на симболи од јапонската и будистичката култура. Главниот лик е безимен, средовечeн професионалeн алпинист, кој и покрај успехот што го постигнал во качувањето, сè уште го бара својот пат на духовен развој. Тој тргнува на нова експедиција во снежните и недостапни планини на Алјаска.
Започнува духовно патување, во кое ненаметливо го придружува неидентификувано суштество. Дали на крајот ќе го пронајде тоа што го бара?
Филм на алпинистот Марчин Томашевски, автор на наградуваниот краток документарец „Инусук. Патот дома“, чие дејство се одвива на Гренланд, во зима, меѓу домородното население Инуити. Филм кој беше дел од нашата програма минатата година.








