„Ќуп со злато“, Оливер Ричом/Били Офленд, Г. Британија, 2024, 67'


Филмот ја води публиката во долините на Кашмир, каде пчеларот Шакил Ахмед Кан го посветил својот живот на проучување на природата на пчелите и нивната нежна работа. Но неговата приказна добива драматичен пресврт по разорниот земјотрес – најсилниот што регионот некогаш го доживеал.

Проектот на меѓународната хуманитарна организација „Human Appeal“ за проширување на пчеларството во оваа оддалечена област, oд животна определба на Шакил, одеднаш станува линија за спас за најранливите членови на неговата заедница.

За време на снимањето на проектот, следи уште една еколошка катастрофа – Пакистан го погодува најтешкиот монсун во последните децении, кој засегна 33 милиони луѓе. Со јасен печат на човековото влијание врз климатските промени, оваа огромна (не)природна катастрофа, ја открива ранливоста на оддалечените заедници и неправедната природа на климатските последици, истовремено нагласувајќи ја важноста на локалните и еколошки ориентирани проекти за одржливост.

Ова е филм кој ја раскажува неверојатната, топла и човечна приказна за Шакил и неговите колеги пчелари од Кашмир, кои се наоѓаат на првите линии на еколошкиот хаос, користејќи ја заедничката мудрост и издржливост на кашмирскиот народ за да ја обезбедат својата егзистенција – и онаа на идните генерации.

Партнери

Поддржано од

Член на: