„Војводата од Абруци“ е голем италијански истражувач и алпинист, првиот кој се има искачено на Монт Сент Елијас и Рувензори, првиот со обид за искачување на К2 и кој го посветува својот живот на откривање на Светот – од Северна и Јужна Америка до Азија, од Африка до Северниот Пол.
Неговиот живот е сумиран во оваа прекрасна изложба, која ја организираме во соработка со Амбасадата на Италија и која ќе биде отворена во Младинскиот културен центар од 24ти до 27ми октомври.