Томас Делфино живее во т.н. „главен град на Алпите“, Гренобл, Франција. Репутацијата во светот на сноубордот ја гради континуирано преку својот неверојатно елегантен стил на бордање, како и големо познавање на „фри-рајдот“ и турните искуства со сплит-борд. Тој е амбасадор на светски познатиот бренд за сплит-борд везови, Spark R&D. Бидејќи е професионален сноубордер, негвоите зими се исполнети со многу ангажмани. Изминатата сезона, Томас со мала екипа на професионални скијачи и бордери направи неколку неверојатни спуштања низ импресивните Тодрило планини во Алјаска. Во Македонија доаѓа по втор пат, откако во февруари годинава, беше дел од ски/сноуборд проект со Номадскиот автобус посетувајќи неколку земји низ Балканот, вклучително и Шарпланинскиот масив во Македонија. Кога не е зима, Делфино се занимава со качување и сурфање. За неговата посветеност на недопрените терени и турното бордање, Томас вели, „се надевам сплит-бордот ке продолжи да ми го дава она што веќе ми го дава. А тоа е, да сум во непосреден контакт со природата и да ги доживувам најубавите чувства. Тоа ми е најважно.“
На овогодинешното издание на ЕХО, Делфино ќе ни долови дел од неговиот живот и авантурите како професионален сноубордер.

