Конено доаѓа времето кога треба да ја искористите вашата креативност и снимен материјал и да аплицирате на овој конкурс, и да се обидете да ја добиете наградата GoPro HERO 2018.
Потребно е вашиот веќе снимен материјал да го истурите во програма за монтирaње, да смислете приказна односно сценарио и да следите претходно замислен тек, да смислите наслов, вовед и одјава на материјалот, посолете и мешајте со музика, може по избор да се додаде и малку текст или снимен говор во зависност од вкусот кој го имате.
Да се сервира во форма на краток филм/видео од 1 минута па се до 5 минути за големи и гладни гурмани, количината кај овој специјалитет не е важна, туку содржината и квалитетот на сервираното.
Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 15ти Ноември 2018 година.
Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани дел од најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери а од страна на официјалното жири ќе биде прогласен победникот.
Фестивалот ЕХО не е обврзан да ги прикаже сите видеа.
Prosport Skopje се погрижи и овој пат победникот да си отиде дома со една нова камера GoPRO HERO 2018.
Пријавување и повеќе информации на videokonkurs@ehofilmfest.m
Конкурирање:
Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: videokonkurs@ehofilmfest.m
Апликација:
Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот - и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, googledrive..
Тек на конкурсот:
Од сите апликации ќе се одберат најдобрите и дел од тие ќе бидат проектирани за време на фестивалот. Од нив официјалното жири на фестивалот ЕХО ќе го прогласи победникот.
Забелешка:
Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.
Фотографија: Marjan Petkovski