Конкурс „Најдобра планинска фотографија“ на ЕХО ’18
Фестивалот на планински филм „ЕХО“, Ве поканува да учествувате на конкурсот за „Најдобра планинска фотографија“, кој започнува денес, а ќе трае до 10ти ноември. Целта повторно, исто како што беше и минатите години, а исто како што е и со конкурсот за „Најдобро кратко видео“ е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во планината, во природата – претставени во овој случај преку Вашите фотографии на најразлични теми: планински спортови и рекреација, пејзажи, планинска флора и фауна, живот во планина, изгрејсонца, зајдисонца, насмевки... И секако преку нив, да не’ инспирирате и нас, па штом заврши овогодинешното издание на Ехо – сите на планина!!! :)
Конкурирање: Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со најмногу 2 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Апликација: Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот - и краток опис за фотографијата/ фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум, кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата фотографија.
За фотографиите: Големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите не смеат да бидат помали од 1600 пиксели во ширина ако се хоризонтални или 1600 пиксели во висина ако се вертикални и не смеат да содржат никакви жигови и логоа. (Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба на Фестивалот)
Тек на конкурсот: Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Фестивалот. Краен рок за праќање на фотографии е 24 часот на 10ти ноември. На 13ти ноември, 3-члено жири ќе ги објави 10-те најдобри фотографии, земајќи ги во предвид следните критериуми: креативност, квалитет на фотографија и композицијата. Тие фотографии ќе бидат испечатени и изложени за време на деновите на Ехо во МКЦ. Во текот на последниот ден, кога ќе биде организирана церемонијата на прогласување на победници на филмови и кратко видео, ќе бидат прогласени и трите победнички фотографии, а авторите ќе бидат наградени со: опрема за планинарење од продавницата Outdoor.mk, досегашните публикации на Фестивалот и подарок од компанијата за производство на опрема за качување, Rock Empire s.r.o.
Забелешка: Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права. Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, бесплатно да располага со неговите фотографии и да ги користи за објавување на Фејсбук профилот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, за објавување во книги и списанија во издание на Фестивалот, огласи за нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.
Фестивалот на планински филм „ЕХО“, Ве поканува да учествувате на конкурсот за „Најдобра планинска фотографија“, кој започнува денес, а ќе трае до 10ти ноември. Целта повторно, исто како што беше и минатите години, а исто како што е и со конкурсот за „Најдобро кратко видео“ е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во планината, во природата – претставени во овој случај преку Вашите фотографии на најразлични теми: планински спортови и рекреација, пејзажи, планинска флора и фауна, живот во планина, изгрејсонца, зајдисонца, насмевки... И секако преку нив, да не’ инспирирате и нас, па штом заврши овогодинешното издание на Ехо – сите на планина!!! :)
Конкурирање: Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со најмногу 2 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Апликација: Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот - и краток опис за фотографијата/