Вести

Ариана Трикоми: светски фрирајд шампион

АРИАНА ТРИКОМИ
Светска шампионка во фрирајд за 2018 година!

Ариана е родена во Корвара, во италијанските Доломити во 1992 година и скија од своја 3-годишна возраст. Пасионирана сурферка, таа внесува препознатлив стил во фрирајд натпреварите од Светската турнеја, во кои влегува во 2016тата година и веќе во првата година застанува на подиумот, освојувајќи го третото место. Нејзиниот слободен дух и игрив стил, кој го манифестираше со успешен потег од 360 степени при возењето во Валнорд, Андора – и ја донесе круната на фрирајдот за оваа година! Таа оваа година учествуваше и во еден друг вид на проект: снимање филм за скијање во Норвешка (филмот "Бескрајна светлина - приказни од Северот“), кој исто така ќе биде прикажан на Ехо! Ариана сака да пронаоѓа што повеќе убави линии за скијање насекаде во светот, да ужива во трикови и да скија добро во секакви услови, да истражува повеќе низ светот и да напредува секој ден – како скијач и како личност.

Партнери

Поддржано од

Член на: