Вести

Презентација на Кшиштоф Вјелицки: „МОЈ ИЗБОР“

На програмата оваа година, презентација ќе одржи и светски познатиот алпинист од Полска, Кшиштоф Вјелицки, со наслов: „МОЈОТ ИЗБОР“ Роден во 1950 година во Полска, Кшиштоф Вјелицки е еден од најсилните алпинисти кои качувале во Хималаите!Тој е петиот човек кој ги искачи сите врвови повисоки од 8000 метри, но тоа што е многу поважно – во супер тежок стил, качувајќи во зимски услови, соло, по нови насоки, качувајќи во еден ден до врвот, а на некои од нив и по два пати. Претставуваме список со првите негови искачувања на овие 14 планини:

-Монт Еверест (8848м, во 1980 година) – преку нормалмата насока од Непал, заедно со Лешек Чихи, но - во зимски услови. Тоа е прво искачување на планина повисока од 8000м во зимски услови;
-Броад Пик (8051м, во 1984) – преку нормалната насока, но во еден ден! Ова е прв пат планина од 8000 метри да биде искачена во еден ден и тоа соло: му беа потребни 16 часа за качување и 6 часа за симнување;
-Манаслу (8163м, во 1984) – преку нова насока, на југ-југоисточната страна, заедно со Александер Лвов;
-Кангченџунга (8586м, во 1986) – преку нормалната насока, но ова е прво качување во зимски услови на оваа планина, заедно со Јержи Кукучка;
-Макалу (8485м, во 1986) – по нормалната насока, но во алпинистички стил, заедно со Марсел Руеди;
-Лотце (8516м, во 1988) – по нормалната насока, но: прво зимско искачувањена оваа планина – соло;
-Даулагири (8167м, во 1990) – нова насока на источната страна – соло, за 16 часа до врвот;
-Анапурна (8091м, во 1991) – по британската насока на јужната страна, заедно со Богдан Стефко;
-Чо Оју (8201м, во 1993) – по полската насока, заедно со Марко Бјанки;
-Шишапангма (8027м, во 1993) – по нова насока на јужната страна – соло, во 24 часа;
-Гашербрум 2 (8035м, во 1993) – по нормалната насока – соло;
-Гашербрум 1 (8080м, во 1995) – по јапонската насока, во алпинистички стил, за 30 часа од база до врв, заедно со Карлос Карсолио, Ед Вистурс и Јацек Бербека;
-К2 (8611м, во 1996) – по јапонската насока, заедно со Марко Бјанки и Кристијан Кунтнер;
-Нанга Парбат (8126м, во 1996) – по насоката на Кинсхофер – соло.

Изразуваме благодарност до Полска амбасада во Скопје – за континуираната можност да уживаме и да се инспирираме од успесите на силните полски алпинисти и влијателната полска планинска култура!

Партнери

Поддржано од

Член на: