Вести

Победници од официјалната селекција на ЕХО 2018

Жирито во состав Тамара Котевска, Сашко Потер Мицевски и Атанас Георгиев ги прогласија победниците од официјалната селекција на ЕХО Фестивалот на планински филм 2018. 
Во продолжение се победничките наслови како и заклучоците на жирито:

Победник во катрегорија долгометражни (Гран При) Bonington: Mountaineer / Brian HallKeith Partridge (UK)
- Филм кој што гo портретира алпинистичкиот дух, ентузијазмот, животот и мемориите на еден голем планинар. 
Во филмската нарација влегуваат негови лични фотографии, интервјуа и архивски материјали. 
Ова е филм полн со емоција кој живописно го претставува ликот на англискиот алпинист Сер Крис Бонингтон кој иако низ животот загубил многу, сепак ја задржал чистата мисла и нескротливата желба за авантура и живот. 
Не само што ова e една чиста лична приказна туку е во исто време и историски запис за една жива легенда, чија алпинистичка одисеја тргнува од раните искачувања на аплите, па се до неговите освојувања на врвови како 80 годишен човек.

Победник во категорија среднометражни: YUGEN- Rafael PeaseConnections Movement ( Kolorado, USA) 
- Приказната на Југен, која е филмско деби на американскиот екологист Рафаел Пис не е дадена само низ личната призма, туку не засега сите нас и се обраќа до целата планета. 
Авторот решил да ги обедини своите најголеми страсти: екологијата и сноубордингот и да изведе едно неверојатно патување преку кое пробува да го потсети човештвото дека сите сме на некој начин поврзани и дека секоја наша постапка се одразува на планетарно ниво. 
Преку планинарењето, филмот Југен дава филозофска призма, која во случајов индивидуалните гестови ги разгледува во поширок контекст и последиците ги бара - не само во локалната, туку и во глобалната средина.

Победник во категорија кратки: Viacruxis shortfilm - Ignasi Lopez Fabregas (Spain) 
- Кратката стоп анимација на Шпанскиот илустратор Игнаси Лопез Фабрерас е особено оригинална приказна преполна со хумор. 
Oдисеја на двајца врвни планинари, кои нашле свој автентичен начин да покажат дека и покрај тежината на искачувањето на најстрмните вертикали, може да се најде начин да се ужива.

Беше доделена и special mention награда за - Parasol Peak - Manu Delago, Jeb Hardwick, Johannes Aitzetmüller
-Филмот отсликува едно уникатно искуство кое најбиску го допира мотото на фестивалот - планинско ехо. Тука спортот и уметноста стануваат едно. 
Сосема слободно може да се разгледува како феномен достигнувањето на целта и создавањето музика во живо на 4000 м. Со ова се потврдува возможноста на реализирање на секоја идеја која е силна... Впрочем во уметноста најубавите дела произлегуваат од навидум невозможни, а на крај достигнати цели кои фасцинираат.

Кај конкурсот за најдобро кратко видео, победничко беше видеото на Игор Христов - "This is Her story".

Партнери

Поддржано од

Член на: