Вести

„По патеките на глечерите“ – Презентација на Фабиано Вентура, Италија

„ПО ПАТЕКИТЕ НА ГЛЕЧЕРИТЕ“ – Презентација на Фабиано Вентура, Италија

ПРОЕКТОТ

Ова е фотографско-научен проект, кој е комбинација на труд на фотографи и научници поврзувајќи компаративна фотографија и научно истражување. Целта на проектот е да се разбере ефектот на климатските промени со проценка на вариациите на глечерската маса на мраз низ времето.
Во период од десет години, беа организирани шест експедиции во најважните планински глечери на планетава – проценувајќи ја масата на мраз и фотографирајќи ги, од истите места каде што фотографите од истражувачките експедиции во доцниот 19ти век и раниот 20ти век, тоа го направиле.
Моќта на компаративната фотографија во споделувањето на пораката, поддржана со научно-истражувачки податоци, во голема мера помага во кревањето на свесност за влијанието на човековите активности врз климата. Споделувањето на овие податоци на овој начин, служи за зголемување на јавната свест за потребата да се заштитат природните ресурси за следните генерации.

ФАБИАНО ВЕНТУРА

Фабиано е професионален фотограф, специјализиран во теми за животната средина, како и планинска и пејзажна фотографија.
Тој е пораснат патувајќи и со љубов кон природата, секогаш чувствувајќи особено силна врска со планините. Низ годините, тој ја комбинира својата активност во алпинизмот, качувањето на карпа и турно-скијањето со својот професионален ангажман како фотограф. Низ своите дела, тој се обидува да ги претстави најекстремните и најдиви предели на природата, но и да сподели документиран доказ за резултатите на човековата интеракција си природниот свет. Тоа што го мотивира е желбата да ја комуницира важноста на познавањето и почитувањето на природата – не само за да можеме да ја уживаме нејзината убавина, туку и да го зачуваме човечкиот вид и цивилизација.
Тој има организирано и учествувано во многу научни, фотографски и алпинистички експедиции, во некои од најдивите и најтешко пристапни места во светот: во 2004 година ја придружува италијанската алпинистичко-научна експедиција „К2 2004 – 50 години подоцна“, како официјален фотограф на експедицијата, достигнувајќи висина од 7000 метри; во 2005 година тој ја следи експедицијата на Ханс Камерлендер и Карл Унтеркирхер во Непал, во нивниот обид да искачат нова насока на Монт Јасемба (7352м). Низ годините тој работи заедно со планински водичи и светски познати алпинисти, како Рајнолд Меснер, Ери Де Лука, Стефан Зигрист, Инес Паперт, Агостино Де Поленца и Силвио Мондинели. Тој има реализирано фото експедиции во Непал, Пакистан, Индија, Аргентина, Чиле, Перу, Намибиа, Алжир, Јута, Колорадо, Грузија и Исланд.
Од 2007 година тој е вклучен во огромниот проект „По стапките на глечерите“. Низ експедициите во најважните планински глечери во светот, овој проект ги проучува ефектите на климатските промени врз најважните глечери на планетава, поврзувајќи ги заедно при тоа фотографијата, историските истражувања и научните проучувања.

Неговата презентација е организирана во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје.

Партнери

Поддржано од

Член на: