Вести

ЕХО станува член во Меѓународната алијанса

Почитувани пријатели,
Со големо задоволство Ве известуваме дека Вашиот најсакан фестивал, ЕХО – фестивал на планински филм, во почетокот на овој месец стана член на Меѓународната алијанса за планински филм
International Alliance for Mountain Film - IAMF
!
Имено, на состанокот на Генералното собрание на оваа организација, одржан на 2ри септември 2020та во рамки на 68мото издание на Фестивалот за планински филм во Тренто (Италија)
Trento Film Festival
, членовите на собранието изгласаа позитивно прифаќање на нашиот фестивал како рамноправен член во Алијансата, рамо до рамо со 26 институции од светот – најголеми имиња од светот на планинските фетсивали, посветени на промоцијата, збогатувањето и конзервацијата на планинската кинематографија.
Алијансата до овој момент ја сочинуваа 25 фестивали на планински филм и еден планински музеј – кои претставуваа 19 земји од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и Океанија. Од сега помеѓу нив и нашето и Ваше „ЕХО“ – од Македонија ?
На прифаќањето на нашиот фестивал за член во Меѓународната алијанса за планински филм, гледаме на чин на сериозно вреднување на нашата работа за нашата публика низ годините, со проекции на скоро 400 филмови, организација на повеќе од 50 презентации, издавање на книги и организација на разни други едукативни содржини на тема планини и обработка на широк спектар на теми кои го претставуваат соживотот на човекот со нив. Но секако и на чин – кој дополнително не’ обврзува на уште посилна работа!
Во овие чудни „ковид“ времиња, ваквата вест и тоа како и ни беше потребна во овие моменти. Да ни послужи како ветер во грб, да не’ инспирира и да ни даде елан, да се посветиме во реализција на уште едно издание во малку поинаква форма сепак.
Ви благодариме! И Вие сите, како наша публика низ сите години наназад, со Вашата енергија не’ инспириравте да го сработиме сето ова до сега и за членството на Ехо во Алијансата, секако сите имате свој удел. Се гледаме на Ехо ?
Тимот на Ехо!

Партнери

Поддржано од

Член на: