За втор пат во рамките на филмската програма на Ехо Фестивалот за планински филмови, ќе имаме категорија за најдобар еколошки филм. Честа да ги селектираат и оценуваат најдобрите Еколошки филмови време на 11тото издание на фестивалот ЕХО ќе бидат членовите на Македонското Еколошко друштво и долготрајни пријатели на фестивалот:
Данка Узунова, Македонско еколошко друштво
Израсната во Гевгелија. Од мали нозе покажува интерес за природата, кој продолжува во студии по екологија и професионално истражување на птици. Преку 10 години работи во Македонско еколошко друштво, каде директно придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици) во Македонија. Нејзин најзначаен придонес е подобрување на познавањето на презимувачките водни птици во Македонија и во развојот на Вториот европски атлас на птици гнездилки. Моментално, таа е претставник на координаторите за зимско пребројување на водни птици на територијата на Западен Палеарктик.
Александар Павлов, проектен асистент во Македонското еколошко друштво
Александар Павлов е роден во 1986 година во Скопје. По образование е лингвист и биолог. Има долгогодишно искуство како преведувач и толкувач од англиски јазик и обратно. Од 2018 година работи во Македонското еколошко друштво на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Низ своите професионални активности тој се бори за овој редок подвид преку едукација во основните училишта и заложби за прогласување заштитени подрачја во земјата. Честопати е во природа, каде врши теренски истражувања на крупни месојадни животни и ситни цицачи, а се вклучува и во останатите активности на Друштвото.
Славе Накев е роден во Радовиш во 1994 година и неговата пасија за птиците и биодиверзитетот се развила во професија, иако по образование е компјутерски инженер. Од 2013 година е дел од тимот на Македонско Еколошко Друштво каде што главниот фокус на неговото делување се песнопојните птици како и компјутерски ГИС (Географски Информациони Системи) анализи. Ваквата работа налага многу теренски истражувања во природа каде што можеш многу да научиш од животните и растенијата кои што не опкружуваат.