И повеќе од очигледно, како вљубеници во планините и природата, покрај радосни сеќавања, назад со себе ја понесуваме и амбалажата од производите кои ги конзумираме, додека не наидеме на првата корпа за отпадоци. Но трагите кои ги оставаме од нашите одлуки не застануваат таму.
Ја поздравуваме иницијативата “Не оставај ништо зад себе” покрената од Супериор-Ер, компанија во Скопје која изработува решенија за флексибилна амбалажа, видот на амбалажа која ја заштитува храната која ја набавуваме и овозможува да ја понесеме каде и да одиме. Како компанија со традиција, но и прогресивен пристап кон одржливоста, Супериор-Ер ги охрабрува своите партнери да одбираат амбалажа составена од материјали кои се рециклираат. Како производители на амбалажа која пакува леб, кафе, замрзната храна, течности, грицки, козметика, производи од фармацевтска и земјоделска индустрија, и други потрошувачки сектори, одговорноста која ја чувствуваат ја изразуваат преку напорите да ја зголемат свеста низ целиот синџир на индустријата за амбалажа. Тие велат: “Флексибилната амбалажа jа зачувува и храната и планетата за подоцна.“
Како точно амбалажата од храната и козметиката која ја користиме влијае на животниот век на планетата? Едноставно, колку е подолг животниот циклус на една амбалажа, толку подолго се зачувува природата онаква каква што најмногу ја уживаме.
А како ние можеме да помогнеме да се постигне тоа? Со циркулирање низ 4 едноставни принципи: одбирање на одржливи материјали, конзумирање, селектирање и рециклирање.
Додека формата и форматот на флексибилната амбалажа точно се прилагодува на волуменот на производот кој го пакува, крајните потрошувачи се оние кои ја имаат моќта да ги прилагодат своите избори на она што е најиздржливо за природните ресурси. Кои се добрите вести?
Она што е подобро за планетата е и подобро за просечниот потрошувач!
Односно, флексо решенијата не само што ги сведуваат трошоците и искористената енергија на минимум, туку и чинат помалку во споредба со алтернативите. Според извештај на CE-FLEX, фолиите, кесите и останатите облици на флексибилна амбалажа пакуваат повеќе од 58% од прехранбените производи во Европа, додека вкупно користат само 17% од достапните материјали за пакување! Дополнително се до 60% полесни од алтернативните решенија, со тоа ги намалуваат трошоците за транспорт и најмалку придонесуваат до создавање на депонии. Да не зборуваме за тоа дека овозможуваат да си понесеме јаткасти плодови, овошје, протеински барови и енергетски гелови кои не тежат во ранците. ☺
Иницијативата на Супериор-Ер ја следи кружната економија на CE-FLEX која промовира зголемување на свесноста и развивање на инфраструктура за целосно кружно управување со флексибилната амбалажа, од производство, до конзумирање, управување со отпад, и производство на рециклирани материјали. Тие одбираат спречување пред справување со штетата. Вие одберете амбалажа која се рециклира и е внимателно дизајнирана да не ве чини вам и планетата прескапо.