Вести

Презентацијата: Пределите на Шара

Во Вторник, во 19 часот, Македонското еколошко друштво (МЕД/MES) ќе ни подготви прекрасен „еко“ блок, кој ќе се состои од две кратки видеа и две презентации. Една од презентациите е и таа на Даниела Јовановска, насловена „Пределите на Шара“.
За презентацијата и авторот:
-„Пределите на Шара“
Колку е убава Шар Планина? Колку, зошто и како луѓето ги вреднуваат пределите на Шар Планина?
- Даниела Јовановска е еколог чиј особен интерес се пределите, нивните природни вредности и улогата на човекот во обликување и одржување на карактерот на пределите. Работи на Природно-математичкиот Факултет во Скопје, на катедрата за Екологија на растенија и е активен член на Македонското Еколошко Друштво каде воедно е и раководител на секцијата Пределна екологија. Вљубеник во природата и планинар.

Партнери

Поддржано од

Член на: