Во Вторник, во 19 часот, Македонското еколошко друштво (МЕД/MES) ќе ни подготви прекрасен „еко“ блок, кој ќе се состои од две кратки видеа и две презентации.
Една од презентациите е и таа на Драган Арсовски, насловена „Диверзитет на змии во Македонија“
Една од презентациите е и таа на Драган Арсовски, насловена „Диверзитет на змии во Македонија“
За презентацијата и авторот:
- Со каков диверзитет на змии располага Македонија? Кои од нив се потенцијално опасни, како да ги препознаеме и каде точно се распространети? Како треба да се однесуваме во природа кога ќе се сретнеме со змија?
- Драган е роден во 1989 година во Скопје. Тој е еколог со потесна специјалност во проучување на динамика на популации, особено влекачи. Искусен теренски биолог низ Македонија (особено во преспанскиот и мариовскиот регион) и делови од јужна Европа. Најголемиот дел од своите еколошки искуства ги има стекнато проучувајќи ги популациите желки и змии од островот Голем Град во Преспанско Езеро на кои има дипломирано и докторирано.