Презантација „Од Шара до Пиринеи“ од Александар Кирковски, Сања Најдовски, Елена Ртоска и Дејан Ангелоски
Скајранингот е најинтензивна форма на планинското трчање, уметнички кажано на спојот помеѓу земјата и небото. Започнува со развој во почетокот на 90-тите години во Италија и на Алпите преку активностите на група ентузијасти и легенди на овој спорт, а денес е присутен на сите континенти. Во Македонија, земја со прекрасни планини и потенцијал за трчање, има се повеќе луѓе кои се пронаоѓаат во оваа приказна. Резултат на тој процес е појавата на Македонија на светската скајранинг карта преку низа активности и потфати, како и репрезентативно учество на европско и светско првенство во последните три години.
За учесниците:
Сања Најдовски - Графички дизајнер во реалноста, во паралелен универзум wanna be треил трчач. Обожавател на планини,глетки и авантури, првично заљубена во маунтин бајк, а подоцна и во треил трчањето, менталната спремност и предизвиците да се стигне до финиш линијата.
Мото - Go beyond your limits.
Александар Кирковски - Природата ми е инспирација во секоја нејзина форма од рана возраст. Активен планинар сум 17 години, водич на планина, качувач, планински тркач... наставник по географија во средно училиште, со желба на младите да им се пренесе енергијата и љубовта кон природата. Имам постојан стремеж за туркање на границите во планинарските спортови, многубројни искачувања на високите планини, соло и брзински потфати на Аконкагва, Елбрус, Матерхорн, Мон Блан итн.
Елена Ртоска
Skyrunner & Trail runner
Skyrunner & Trail runner
Државен шампион во скајранинг 2020 и 2021
Државен шампион во вертикален километар 2020 и 2021, со учества и на:
European Skyrunning Championship – La Veia Sky Race | 31km and 2600D+ | Italian Alps
Skyrunning World Championships - BUFF Mountain Festival | Vall de Boí | Spanish Pyrenees:
-SkyMarathon 42km 2800D+
-Vertical Kilometer 3.3km 1030D+
Дејан Ангелоски од Охрид, Шипокно: Имам 21година и се занимавам со планинско трчање и скајранинг, а исто така студирам туризам.
Љубовта кон скајранингот се јави во 2019та година, на „Титов врв Скајрејс“, а желбата за скајранинг и успеси во тоа поле се проширија со учество на Светското првенство на Пиринеите во Вал де Бои. Целта ми е еден ден да бидам Скајранинг светски шампион.