Вести

Креативна работилница за деца „Децата и планините"

Креативна работилница за деца „Децата и планините"
сo писателката Билјана С. Црвенковска и уметниците Катерина Николовска и Доротеј Нешовски во рамки на „Ехо“ фестивал на планински филм

Креативна работилница за деца - креативно пишување, цртање, колаж и комбинирани техники - „Децата и планините":
- Читање на делови од едукативната брошура „Децата и планините“ и разговор за планините и што значи честото одење во планина од секој можен аспект (за здравјето и физичката активност, за запознавањето со природата и флората и фауната на планините итн.)
- Активности на работилницaтa (по избор на детето):
- Пишување расказ или песна
- Создавање ликовни дела во различни техники
- Креирање стрип
- Спојување на сите креации во една мала завршна изложба на планински трудови
Возраст: 5 – 10 години
Времетраење: 1 час

Работилницата е БЕСПЛАТНА. Бројот на учесници е ограничен (три групи по 8 учесници; максимален број на учесници - 24). Настанот ќе се одржи по сите протоколи и мерки за здравствена заштита пропишани на денот на одржувањето и со физичка дистанца меѓу учесниците.
Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, МКЦ – Скопје, издавачката куќа Чудна шума и Ехо фестивал на планински филм.

Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: