Македонското еколошко друштво (МЕД/MES) е наш најдолг програмски соработник и секогаш со нетрпение ги очекуваме насловите и содржините кои ќе ги споделат со нас и нашата публика. Споделувањето на тие теми со нас, како активни уживатели на природата, каде членовите на МЕД пак се и работно активни - веруваме дека е повеќе од важно.
Оваа година на Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022, МЕД подготвува две презентации, и од кои првата е:
„Запознавање со лилјаците“, м-р Александар Стојанов
Општи информации за лилјаците, нивната биологија и екологија, закани, број на видови и нивниот статус на заштита во Македонија.
Но, членовите на МЕД се многу повредни - како и секоја година до сега впрочем: покрај презентациите, тие ќе подготват раболница, учествуваат во жирито за најдобар еколошки филм... Наскоро ќе објавиме повеќе информации на овие теми.