Вести

„Статусот на сивиот волк во Македонија“, д-р Диме Меловски

Македонското еколошко друштво (МЕД/MES) е наш најдолг програмски соработник и секогаш со нетрпение ги очекуваме насловите и содржините кои ќе ги споделат со нас и нашата публика. Споделувањето на тие теми со нас, како активни уживатели на природата, каде членовите на МЕД пак се и работно активни - веруваме дека е повеќе од важно.

Оваа година на Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022, МЕД подготвува две презентации од кои едната тема е:

„Статусот на сивиот волк во Македонија“, д-р Диме Меловски

 

Македонија веројатно е последната земја во Европа, во која се даваат награди за секој убиен волк. Ситуацијата е далеку од добра и имплицира сериозен пад. Македонија е атрактивна и ретка дестинација за легален лов на волци, што значи пад на Динарско-Балканската популација на волци. Дополнителна закана за генетиката на волците е и хибридизацијата со кучињата скитници, што е проблем кој станува се’ повеќе и повеќе релевантен во Македонија. Предлагам дека треба да се донесе итна промена во Законот за лов и итен мониторинг на популацијата, за да се направи прецизна проценка и да се донесат предлози за активности за подобрување на ситуацијата. 

 

Но, членовите на  МЕД се многу повредни - како и секоја година до сега впрочем: покрај презентациите, тие ќе подготват раболница, учествуваат во жирито за најдобар еколошки филм... Наскоро ќе објавиме повеќе информации на овие теми.

Партнери

Поддржано од

Член на: