Вести

„Со велосипед на големи височини“ - Никола Нешкоски

Во Македонија си имаме многу пасионирани момци и девојки вљубени во аутдор спортовите, а неколкумина во исто време се посветени и на ширење на културата и едукација на најмладите и тоа секогаш ни е мотив плус да ни бидат гости и да ја споделат со сите нас нивната приказна.

Еден од нив е и Никола Нешкоски : велосипедист кој веќе 15тина години истражува интересни предели со својот велосипед, локално низ Македонија, но и низ Светот. Никола има огромна пасија за природа, истражување на (навидум) недостапни терени и огромен апетит за авантура. Дополнително, тој е и татко, едукатор за деца од претшколска и школска возраст и основач на организацијата Еко Логик, која работи во полето на образование за животна средина, велосипедизам и одржлив развој.

Кокретно за време на презентацијата на ЕХО, насловена „Со велосипед на големи височини“, Никола ќе ни зборува за неговите активности во:

а) Македонија (краток осврт на некои авантури на: Кораб, Титов Врв, Солунска Глава, Кајмакчалан... - низ неколку фотографии);

б) Европа (краток осврт на извозени тури и искачени врвови во Хрватска, Словенија, Италија, Австрија, Швајцарија... - низ фотографии);

в) Африка - претставување на авантурата на Килиманџаро, низ фотографии, но и кратко видео, како и

г) Азија - претставување на авантурата на Дамаванд (видео + фотографии).

Партнери

Поддржано од

Член на: