Атрактивна спелео програма на Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022 - од пасионираните членови на СНК „Врело“.
Презентација со наслов „Подводни планински патеки“, ќе ни одржат Игор Петрушевски и Слободанка Јакимовска.
Ќе можеме да слушнеме за :
Спелео нуркање, истражување, еколошки активности, обуки и тренинзи низ годините на спелеонуркачкиот клуб Врело водени од желбата да се види патеката до срцето на планината, недопрена природа и значењето за науката.
1. Како со обуки, напорни тренинзи и посветеност кон пештерите и спелеонуркањето СНК Врело започна и денес е единствениот професионален клуб со оваа дејност.
2. Што навистина има под планините и како тимот на Врело прави акции на локации кои се чинат невозможни, непристапни или едноставно затворени, а всушност се лавиринти од канали извори?
3. Како преку еколошки акции придонесуваме во одржливоста на природата?
4. Убавините на подводната пештера Врело на кањонот Матка.