Вести

КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на ЕХО 13 / 2022

Ехо Фестивал на планински филм / #13 / 2022 заедно со Outdoor.mk организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на 13тото фестивалско издание кое ќе се одржи од 19-23 септември 2022.

Потребно е вашиот веќе снимен материјал или она што сега ќе го снимите во рамки на рокот да го монтирате во програма за монтирaње (постојат многу бесплатни и лесно достапни програми за монтирање видео за почетници дури и на самиот мобилен телефон), да смислете приказна и да следите претходно замислен тек, да смислите наслов, вовед и одјава на материјалот, додадете музика, доколку сакате додадете текст или снимен говор во зависност од идејата која ја имате.

Должината да биде од 1 па се до 5 минути.

Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 17ти септември 2022 година.

Пријавување и повеќе информации на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Конкурирање:

Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Апликација:

Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот - и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, googledrive..

Од сите пријавени видеа, најдобрите ќе бидат објавени на социјалните медиуми а жири ќе го прогласи победникот.

Забелешка:

Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права.

Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, бесплатно да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг и некомерцијални цели.

Партнери

Поддржано од

Член на: