Вести

"Никому не му требаат метеоролози" - Глигор Митковски

"Никому не му требаат метеоролози" - Глигор Митковски

Во денешно време пристапот до информации е екстремно лесен. Ова секако важи и за метеоролошките прогнози. Во урбана средина лошата интерпретација на прогнозата е разлика помеѓу тоа дали ќе останете суви или ќе накиснете. На планина пак, разликата буквално би можела да биде живот или смрт.

Можат ли апликациите на мобилните телефони да ни бидат веродостоен извор на временска прогноза за движење во природа? Како поголемото знаење на метеорологијата може да ни помогне да разбереме како функционира временската прогноза?

Или можеби НИКОМУ НЕ МУ ТРЕБААТ МЕТЕОРОЛОЗИ?


За презентерот:

Глигор Митковски по струка е дипломиран метеоролог, а по „крвна група“ вљубеник во природата активен во истата. Предава метеорологија на кандидатите за водичи при МАИМЛА и ФПСМ.

Автор е на сегметот метеорологија од Прирачникот за водичи во планина во издание на UIAA.

Досега бил метеорлошка поддршка на преку 20 македонски високогорски и алпинистички експедиции на Алпи, Хималаи, МекКинли, Анди, како и на неколку официјални планински маратони и ултра маратони во Македонија.

Партнери

Поддржано од

Член на: