„Искачувања до крајот на светот“
- Лука Читарела Менарди
Лична биографија за планинарење и качување околу светот: започнувајќи од Доломитите околу Кортина Дампецо, па се’ до високите врвови во Андите – во Боливија, Аргентина, Перу и Чилеанска Патагонија. Лука конечно допатува и овде на Балканот и по врвовите во Македонија. Ова е опис на личен пат во кој чувствата околу природата, дивините и планините – оформиле животна приказна.
Презентацијата ќе биде придружувана со фотографии од Доломитите, Перу, Боливија, Аргентина и Балканот.
Лука Читарела Менарди е роден во Кортина Дампецо и пораснал во една од најубавите планински сцени во планинскиот свет. Дипломирал антропологија и во средината на 1980тите започнува да патува во Латинска Америка каде што почнува да работи на меѓународни проекти поврзани со домородното население на разни меѓукултурни ситуации. Заедно со своето семејство гради планински дом во Националниот парк Конгило, а планинарските тури го носат во многу земји во Јужна Америка, започнувајќи од Перу (Кордилера Бланка) до разни аргентински и чилеански врвови (како на пример Аконкагва, Паринакота, Померапе и разни вулкани).
Во Боливија, каде тој живеел 10 години, ги искачил сите врвови повисоки од 6000 метри, но и многу неистражени планини. За овие искуства тој во 2012 година ја пишува книгата „Место меѓу врвовите“. На крајот на 2020 година, пристигнува во Македонија и започнува да ги истражува планините на Балканот, а посебно за време на зимите, правејќи турно тури...