Вести

Жири за најдобра фотографија на ЕХО 2022

Горан Кузмановски

Роден во 1982 година во Битола, Горан дипломира електроника и е татко  на Доријан и Тара. Тој започнува со скијање и качување уште на мала возраст, кога станува член и на македонскиот национален тим во алпско скијање. На 15-годишна возраст, тој станува многу посветен на планинарството, вклучувајќи го секако и качувањето во зимски услови.
2000 - ја открива фотографијата и таа станува негова голема пасија, земајќи учество при тоа, но и победувајќи на повеќе меѓународни конкурси по фотографија,
2002 - започнува со качување на карпа и алпинизам, искачувајќи околу 40 нови насоки, од кои неколку во зимски услови,
2004 - го формира качувачкиот клуб Вертикал, каде ги споделува своите вештини и искуство, со нови генерации качувачи,
2006 - станува инструктор и поставувач на насоки по спортско качување, отворајќи 30 спортски насоки,
2007 - започнува да работи во компанијата Макпетрол, во ИТ секторот,
2008 - зачетоци во видео продукција,
2012 - започнува да се занимава со парагјладерство,
2015 - официјален фотограф за параглајдинг компанијата ИКАРО,
2018 - официјален фотограф за германската компанија Адвенчр ГМБХ.

 

Доријан Миловановиќ

Доријан е дипломиран филмски монтажер на Факутлетот за драмски уметности во Букурешт. На факултетот покрај монтажа, стекнува чувство за светлина и композиција и станува пасиониран фотограф.
Низ годините исто така го привлекува и магијата на анимацијата и движечката графика, а во последните неколку години интензивно работи и како снимател.
По дипломирањето се враќа во родното Скопје и речиси 17 години работи на секакви проекти, вклучувајќи документирани и кратки анимирани филмови.
И самиот е голем љубител на природата и планинар и секoја прилиkа ја користи да се прошета по македонските планини и да фотографира пејзажи.Најмногу го привлекува Шар Планина, каде што има искачено повеќе од 25 врвови над 2000м.
Учествувал на повеќе групни фото изложби, а оваа година ја имаше и својата прва самостојна изложба со документарни фотографии.

 

Александар Савески

Александар започнува да се интересира за камери и фото апарати Уште на 10-годишна возраст, но љубовта кон нив се продлабочува кога го купува својот прв дслр апарат - пред повеќе од 15 години.
Тој фотоапарат му го променува ставот кон фотографијата и начинот на кој што ги документира секојдневните работи.
Моментално е фокусиран на спортска фотографија и видеографија (учествувајќи во документирање на повеќе манифестации како Водно Матка Ултра Треил, Охрид Ултра Треил, Крали Марко Ултра, Скопски Маратон, Скопје дуатлон, Скопје триатлон, Женска трка 10к, Охрид акватлон, 3дисциплин Триатлон...), но и во зачувување на специјалните моменти од животот на луѓето и е посебно горд што е дел од тие значајни моменти.

Партнери

Поддржано од

Член на: