Вести

Споделување приказни за креирањето на Планински Филмови - Илија Тирицовски

Споделување приказни за креирањето на Планински Филмови

Природата од секогаш била авторитет за човекот со својата убавина, но и предизвик да се преминат одредени граници кои таа ги поставила со своето постоење. Успесите и патот до крајната цел се секогаш одлична основа за ткаење на возбудливи приказни, најпрво како наратив, а со развојот на техниката и технологијата последниве децении, видео записите се аудио-визуелни сведоци за авантурите во природа.
Токму затоа, документарните планински филмови се документ за убавината, возбудата и справувањето со предизвиците, притоа самите учесници се најчесто и филмската екипа која балансира помеѓу физичките и психички предизвици од една страна, но и технички, креативен и естетски инпут од друга страна, кои се потребни за едно филмско дело.
Во таа насока, поканивме искусни професионалци и вљубеници во природата да споделат искуства и приказни за инспирацијата, начинот на подготовка и креативниот пристап во сите фази на продукција на документарен планински филм, што може да биде мотив и за некој следен проект.

?Модератор: Илија Тирицовски – ОХО Продукција
Илија Тирицовски е филмски и ТВ продуцент со долгогодишно искуство во сите фази на продукција. Продуцент е на повеќе кратки, анимирани и документарни филмови, меѓу кои „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски и „Соло Мод“ на Тамара Котевска, а работел и на сериите „Преспав“ и „5 Плус“. Бил дел од повеќе европски филмски фестивалски програми и работилници, каде има добиено бројни филмски награди.

?Време и место на одржување:
20ти септември (вторник), 16:30 часот
Младински Културен Центар

?Пријавување до 18ти септември на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери

Поддржано од

Член на: