Вести

Учиме за животната средина - практични ЕКСПЕРИМЕНТИ за деца - Здружение „Еко Логик“

Учиме за животната средина - практични ЕКСПЕРИМЕНТИ за деца
- Здружение „Еко Логик“

Учењето преку игра го поставува УЧЕЊЕТО како ИСКУСТВЕН ПРОЦЕС.
Земајќи го ова во предвид и стремејќи се за обезбедување на ефикасно, иновативно и интерактивно образование во областите на заштита на животната средина и климатските промени, оваа година, Здружението на граѓани „Еко Логик“ како соработник на нашиот фестивал, подготвува три работилници за деца на возраст од 5-10 години:

1. „ЛЕГО работилница“
Преку примена на лего коцки ќе изработуваме птици преселници заедно со Билјана Арсовска, ООУ „Вера Јоциќ“ и Славица Несторовска ООУ „Петар Поп Арсов“
2. „ЕКО работилници“
Ќе експериментираме и ќе истражуваме за промените во природата, Билјана Арсовска, ООУ „Вера Јоциќ“ и Славица Несторовска ООУ „Петар Поп Арсов“
3. „ПРАВИМЕ МЕБЕЛ“
Ќе изработуваме мебел од рециклирани шишиња, Анета Василева – Еко Логик.

Повеќе инфо за работилницата за деца:
Термин на одржување: 23ти септември (петок), 17 часот, МКЦ
Возраст: 5-10 годишна возраст

Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.

Партнери

Поддржано од

Член на: