Вести

Најдобар еколошки филм на ЕХО 2022

Жирито во состав Фросина Пандурска-Драмиќанин, Данка Узунова, Арта Старова  ја донесе оваа одлука за најдобр Еколошки филм: 

„Пренесување“, Ден Мински, Канада, 2022, 53’

Повеќето еколошки филмови човечката интервенција во дивиот свет главно ја прикажуваат како катастрофална, но филмот на Мински ни појаснува како оваа интервенција, иако комплексна, понекогаш е нужна. Хармоничниот елемент на тековните односи човек-природа носи своја слоевитост. Филмот ја истакнува неизбежната потреба современата екологија да применува мултидисциплинарен пристап во наоѓање решенија – а тука да вклучи биолози и сточари па сè до носители на одлуки, кои имаат моќ да донесат поефикасни закони. Акционите сцени во филмот каде биолози и волонтери со хеликоптер заловуваат и тестираат муфлони долж реката Фрejзер го зграбуваат вниманието на гледачот, нудејќи му болно сведоштво или издишка и надеж. На крајот, Мински сепак нуди зрак светлина по макотрпната работа и тешките одлуки што ги гледаме низ филмот. 

Партнери

Поддржано од

Член на: