Вести

Конкурс за Најдобра планинска фотографија на ЕХО 2023

? Конкурс за Најдобра планинска фотографија на ЕХО 2023

Фестивалот на планински филм Ехо и продавницата за опрема за аутдор спортови Outdoor.mk, Ве покануваат да учествувате на овогодинешниот Конкурс за најдобра планинска фотографија!

? Конкурсот започнува денес, а ќе трае до 20ти октомври.

Целта повторно, исто како што беше и во минатите години, е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во планината, во природата – претставени преку Вашите фотографии на најразлични теми: планински спортови и рекреација, пејзажи, планинска флора и фауна, живот во планина, изгрејсонца, зајдисонца, насмевки... И секако преку нив, да не’ инспирирате и нас, па штом заврши овогодинешното издание на Ехо – сите на планина!!!

Добредојдени се фотографии од планини од сите меридијани: како од нашите прекрасни македонски, за кои преку Вашите фотографии низ претходните години, си потврдуваме колку малку ги познаваме, така и од било каде во светот, каде патуваме, истражуваме, уживаме…

Конкурирање: Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со најмногу 2 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Апликација: Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, насловот на фотографијата, а по желба на авторот и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум, кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата фотографија и други дела.

За фотографиите: Големината на фајлот да не е поголема од 20Мb. Фотографиите не смеат да бидат помали од 1600 пиксели во ширина ако се хоризонтални или 1600 пиксели во висина ако се вертикални и не смеат да содржат никакви жигови и логоа.

Тек на конкурсот: Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Фестивалот – за наше уживање, инспирација и загревање за Фестивалот! Краен рок за праќање на фотографии е 24 часот на 20ти октомври. На 23ти октомври, жирито на Конкурсот ќе ги објави 10-те најдобри фотографии, земајќи ги во предвид следните критериуми: креативност, квалитет на фотографија и композиција. Во текот на последниот ден, кога ќе биде организирана церемонијата за прогласување на победници на филмови на овогодинешното ЕХО, ќе бидат прогласени и трите победнички фотографии, а авторите ќе бидат наградени со: опрема за планинарење од продавницата Outdoor.mk и колекција од досегашните публикации-книги на Фестивалот.

Жири: Жирито оваа година ќе го сочинуваат 4 члена од Фото Кино Клуб Битола

Забелешка: Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.

Outdoor.mk
Фото Кино Клуб БИТОЛА

Партнери

Поддржано од

Член на: