Жирито на овогодинешниот Конкурс за Најдобра планинска фотографија, ќе го сочинуваат 4 члена од Фото Кино Клуб Битола.
Помеѓу нив и Виктор Налевски.
Виктор е професионален фотограф, роден 1971 во Битола. Со фотографијата почнува да се запознава од најмала возраст преку фотографиите на неговиот дедо и татко кои интузијастички се занимавале пред се со документарна фотографија. Задржувајќи го интересот за истата, преку аналогната фотографија па се до дигиталната ера во последната деценија тој целосно му се посветува на светот на фотографијата, преку учество и организација на многу домашни и меѓународни изложби, како и активно учество и членување во повеќе фотографски асоциации. Учествувал на преку 100 меѓународни и домашни изложби од натреварувачки и изложбен карактер, освојувајќи повеќе награди, а исто бил и дел од жирито на некои од нив. Во полето на фотографијата неговото внимание покрај класичните теми е насочено кон концептуалната фотографија, психолошкиот контекст и симболизмот кој произлегува од истата
Димитар Чунговски - Чунга.
Димитар е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на многу мала возраст, за време на основното образование.
После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој ја продолжува фотографската уметност.
Еден е од основачите на Фото Кино Клуб Битола каде што активно членува, а од 2022 година се стекнува со звањето Кандидат Мајстор на фотографија на Националната Фото Унија на Македонија.
Во 2016 година ја одржува својата прва самостојна изложба „Два Света“ која ја прикажува во повеќе градови во Македонија, како и надвор од неа.
Учествувал на повеќе од седумдесет домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија
Кети Талевска Бакревска.
Кети е дипломиран инженер за медиумска комуникација ФЕРИ, Марибор, Словенија,
Со фотографија се занимава уште од 16 годишна возраст и покрај дигиталната фотографија се занимава активно и со алтернативна фотографија: класична аналогна фотографија, лумен принт и цијанотипија. Се наоѓа и меѓу основачите на првиот фестивал за алтернативна фотографија во Македонија „ЗРНО“
Има учествувано, организирано и жирирано повеќе домашни и меѓународни изложби.
Прва самостојна изложба на лумен принтови имаше во 2022 година и е единствена во нашата земја која што се претставила со оваа фотографска техника. Како дел од ЗРНО фестивалот учествуваше и на уште неколку изложби за алтернативна фотографија во Македонија.
Како предавач има одржано работилници за: лумен принтови на ЗРНО фестивалот во Скопје и во Виена, Австрија, работилница за камера обскура во Битола, работилница за стоп анимација и видео монтажа во Скопје.
Коста Дупчинов.
Коста е роден во 1985 година во Битола, каде живее и работи. Дипломира на Технички факултет Битола на отсек Информатика и Компјутерска Технологија. Втора година на постдипломските студии на ЈНУ Институт за Филм, Филмска академија Охрид, отсек Кинематографија.
Неговата љубов за фотографија започна од најрана возраст, инспириран од неговиот дедо кој често го гледаше како фотографира и развива фотографии.
Професионално се занимава со фотографија од 2006 година, како фотограф во фото студио во Битола, а исто така во тој период работи и како камерман за националната телевизија Канал5.
Во 2011 како еден од основачите и член на Фото Кино Клуб Битола започнува со учества на меѓународни и државни изложби. Има учествувано на повеќе од 70 изложби каде има освоено околу 20 награди и признанија. Неколку години неговите фотографии се дел од колекцијата која ја претставува Македонија на ФИАП Светскиот куп на фотографија.
Неговата прва самостојна изложба „Носталгија“ во 2017 беше изложена во неколку градови во Македонија и беше дел од неколку филмски фестивали, а исто така како дигитална презентација во неколку земји во светот.