Оваа година, Миленка Шаровиќ, ќе се обиде да ни го пренесе нејзиното искуство во Пакистан, преку презентацијата:
„Мојата Каракорум-Приказна“
Во август 2023 година, во организација на Karakorum Expedition, Миленка Шаровиќ се впушти во реализација на авантурата наречена „Concordia-K2/Broad Peak базен камп - Gondogoro La" трекинг турата, во масивот Каракорум, во Пакистан, која важи за една од најризичните и најтешките трекинзи во светот.
Изреката „Колку поголем ризик - толку поголема награда“ дефинитивно важи за овој трек...
Приказната ќе може да ја слушнете, а се надеваме и да ја почувствувате, на програмата во вторник, на 24ти октомври, во Кино Фросина.