Новина на овогодинешното издание на ЕХО, ќе биде специјалното жири за краток филм. Дел од креативниот тим кој стои зад Drim Short film festival - фестивалот за краток филм од Струга, кој годинава го реализираше своето 6то издание, ќе ги оценува кратките филмови кои годинава аплицираа во таа категорија на ЕХО и ќе го прогласи најдобриот од нив.
Членови на жирито ќе бидат:
Лидија Мојсовска
Јаков Попоски
Раде Гогоски
Лидија е родена во Струга во 1993 година. Во 2017 дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ режија.
Нејзиниот дебитантски краток игран филм „Награда“ освои 18 интернационални признанија и награди. Вториот краток игран филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ беше дел од престижната платформа за развој на сценарија ESP Nisi Masa и ја имаше својата интернационална премиера на фестивалот во Талин, POFF Shorts.
Во моментов таа работи на својот трет краток игран филм „Може да се случи секому“ и на сценариото за дебитантски
целовечерен филм
Јаков е роден во Струга во 1988 година. Во 2013 дипломира на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Во 2015 година се запиша на мастер студии на Институтот за Филм – Филмска Академија Охрид, каде ги заврши студиите по Сценарио и драматургија. Во 2021 година се запишува на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на втор циклус на студии, модул Филмско и ТВ Сценарио. Со неговото сценарио „Само ѓаволот се плаши од вода“ беше дел од NISI MASA European Short Pitch 2019, заедно со режисерката Лидија Мојсовска, a филмот ја имаше својата интернационална премиера на фестивалот Tallin POFF Shorts.
Неговиот втор филм „Еден тон сладолед“ во режија на Сандра Ѓеоргиева ја освои наградата Best Pitch за постпродукција на работилницата Pack & Pitch на Сараевскиот филмски фестивал во 2021 година. Во 2022 година неговото кратко
сценарио „Потврда за живот“ беше дел од Midpoint Shorts 2022/2023.
Моментално
работи на долгометражното сценарио “Russia of The Mind” во продукција на unaFilm од Берлин.
Раде е кинематографер роден во 1989 во Струга. Во 2017 запишува
мастер студии на Институтот за Филм – Филмска Академија Охрид, на отсекот за Кинематографија. Како директор на Фотографија има учествувано во интернационални проекти за продукции од Катар, Ирска, Англија и земјите од Балканот.
Моментално работи на два краткометражни филма, „Way Out” од Косово кој е во фаза на пост-продукција и „Guri” од Црна Гора кој е во фаза на пред-продукција.