Со огромно задоволство објавуваме уште еден гостин на ова 7мо издание на ЕХО кој ни доаѓа од Украина, Nikita Balabanov - Никита Балабанов (1989 година роден), младиот Украински алпинист кој го доби престижното признание Златен цепин 2016 ( Piolets D'or ), за првенственото искачување на северозападниот столб на Талунг (7348м) во пределот на планината Канченџунга, Непал кое го направи заедно со својот партнер Михаил Фомин.
Насоката е долга 2350 меетри и беше наречена Daddy Magnum Force и е со оцена M6, AI6 A3 со целосно земена тежина од ЕД2. Искачувањето траело од 18ми до 25ти октомври 2015.
Претходно во 2014та тие имаа уште едно првенствено искачување на северозападниот столб под врвот Langshisa Ri (6427м).
Балабанов ќе ни го претстави искачувањето на Талунг, како и некои други негови интернационални експедиции, ќе зборува за алпинизмот во Украина и една интересна тема за секој млад и амбициозен алпинист, според негови зборови и искуство " Како да успееш со мал буџет на Хималаи...".
Ова гостување беше овозможено од Украинскиот дистрибутивен центар (www.udc-trade.com), и со голема помош и заложба на Rostyslav Palagusynets од Украинската амбасада во Скопје.